Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја тужи ЕУ заради Јужен тек

Русија ја тужи ЕУ заради Јужен тек
Русија вложи жалба против Европската унија пред светската трговска организација заради нарушување на меѓународните правила во случајот со изградбата на гасоводот Јужен тек. Како што соопшти Светската трговска организација, Москва има забелешки на т.н. Трет енергетски пакет - збир на закони со кој им се оневозможува на производителите на гас да бидат и сопственици на гасовод. Правилата на ЕУ се однесуваат и на гасоводот Јужен тек, кој поминува и низ неколку земји-членки на Унијата и чија изградба се проблематизира со овие правила. Во гасоводот руски „Гаспром“ е сопственик на удел од 50%. Москва оценува дека ваквите правила на ЕУ се „неконзистентни“ во однос на меѓународните трговски правила. По тужбата, следен чекор би бил дипломати на Русиј и ЕУ да се обидат да ги надминат разликите во консултации со Светската трговска организација. Доколку не успеат, потоа следува формирање на арбитражна комисија. Русија смета дека европските правила се насочени токму против „Гаспром“ и бара Јужен тек да биде изземен од овие прописи.
Слично

Поврзани вести