Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја прогласи Анталија опасна за туристите

Русија ја прогласи Анталија опасна за туристите

Руската Федерална служба во областа на заштитата на правата (Роспотревзорзор) ги дефинираше условите во заливот Анталија во Турција како опасни за здравјето на туристите. 

Според објавените информации, одлуката на телото е договорена со Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Се прецизира дека стравувањата на министерствата се поврзани со извештаите за зачестени случаи на ентеровирусни инфекции меѓу туристите во областа. Освен Анталија по бреговите на истоимениот залив се наоѓаат и други популарни летувалишта меѓу туристите како Кемер, Манавгат, Аланија, Сиде и Белек. 

Според медиумски извештаи руските туристи заминуваат масовно од тие региони поради ширење на коксаки - ентеровирус, кој се шири по вода, воздушен пат или преку директен контакт, кој обично се манифестира преку висока температура, општа интоксикација, дијареа, осип на дланките, стапалата и врз слузокожата.Сепак, руските власти истакнаа дека немаат никакви информации за епидемиолошка ситуација.

Слично

Поврзани вести