Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја намали цената на гасот за Турција

Русија ја намали цената на гасот за Турција
Русија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција за 10,25 отсто, но нема да има промени во цената за потрошувачите, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз. ,,По продолжените преговори постигнавме спогодба со Русија за намалување на цената на гасот, кој го купуваме преку гасоводот Син поток за 10,25 отсто’’- истакна Јилдиз. Тој рече дека причината за ова е високиот курс на доларот, па затоа цената за гасот за потрошувачите нема да се намали. Поради курсот на доларот, турскиот министерот нагласи дека нема да има ниту зголемување на цената на гасот во месец март.
Слично

Поврзани вести