Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја намали каматата, рубљата слабее!

Русија ја намали каматата, рубљата слабее!

Централната банка на Русија ја намали клучната каматна стапка за два проценти, на 15 одсто.

Претходните месеци централната банка ја зголемуваше каматата како би ја поддржала рубљата и со цел да и помогне на руската економија.

На веста за намалување на референтната каматна вредност руската валута паднала за 1,6 одсто и сега за долар се добиваат 69,8 рубљи.

Повисоките камати би требало да и помогнат на националната валута но неповолно влијаеа на економскиот раст бидејќи поскапеле кредитите.

Кон крајот на минатата година централната банка на Русија ја зголеми клучната камата на 17 одсто во настојување да ја запре дефлацијата на рубљата која изгубила повеќе од половина на вредноста.

Централната банка вреќањето на каматите на 15 одсто ги образложила со фактот дека ризиците од економскиот застој сега се поголеми од стравот од инфлаторната спирала.

Економијата на Русија е под голем притисок поради ниските цени на енергентите и санкциите на Западот.

Слично

Поврзани вести