Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и САД ја сакаат хрватската нафта

Русија и САД ја сакаат хрватската нафта
За вистински нафтени ископувања во Хрватска се заинтересирани водечки светски компании, пишува Новости. Сепак скептиците сметаат дека инвеститорите ќе го уништат Јадранот и дека еколошките проблеми ќе бидат поголеми од користа. Русите и Американците само чекаат Хрвтаска да донесе нов закон кој ќе овозможи вадење на нафта и гас од Јадранот, а вистинските ископувања можно е да стартуваат веќе наредната година. Законот е во процедура и многу брзо би можел да биде усвоен, а за нафтата во Јадранот се заинтересирани многу водечки нафтени компании. Интерес веќе покажала американската нафтена компанија  "Ekson", а според хрватската политика која подолг период трага по  инвестиции, за многумина ова ќе биде спас за БДП-то кое непреќинато тоне. И Русите сакаат да го истражуваат Јадранот, а во земјата се јавуваат и заинтересирани инвеститори од Италија, Франција и Англија. Додека на италјснска страна на Јадранот се 118 бушотини, Хрватска има само 15 кои се во сопственост на INA. -Се проценува дека Јадранот има залиха од околу 700 милиони тони нафта, поради што е јасен интересот на странските инвеститори, изјавил познатиот хрватски експерт за експлоатација на нафта Мирко Зориќ. Додека Хрватска им отвора можност на странските инвеститори да истражуваат за Јадранот, постои и страв во земјата  дека амреканските компании ќе “избушат“ се што можат, а крајнот ефект нема да биде поволен за државата. И досега на Јадранот од десет бушења во едно се наоѓало нафта, што сепак во бизнисот се покажува како успех. Се проценува дека платформата и се околу неа чини 250 милиони долари, што е многу пари и за светските компании, па затоа најчесто се здружуваат и создаваат конзорциум. Така ќе биде и на Јадранот, а државата очекува годишна заработка од 500 милиони долари. Во иднина постои надеж бизнисот со нафтата и гасот  на Хрватска да и донесе и десет милијарди долари заработка, подари што треба да се биде трпелив и да се почекаат резултатите од истражувањето. Отимистичките прогнози говорат дека овој бизнис во Хрватска ќе го покачи БДП за дури  три отсто.
Слично

Поврзани вести