РУСИЈА ГРАДИ ЛУКСУЗНИ СТАНОВИ ВО ЛОНДОН: Од земјиштето купено преку оф-шор компанија за „смешни пари“ сега се очекува заработка од стотици милиони евра
Дека Владимир
Путин има намера да заработи стотици милиони евра од изградба на луксузни
недвижнини во ексклузивна област на Лондон, пишува „The Mail on Sunday“. Според
овој медиум, Русија ќе заработи стотици милиони евра со изградба на 255 станови
на земјиште за кое платила 9.681.484 евра во 2006 година во овој дел на Лондон.
Документите од земјишниот регистар покажуваат дека руското Министерство за
надворешни работи и државната банка го купиле земјиштето за развој на 245
„Warwick Road“, Кенсингтон користејќи оф-шор компанија, и сега планираат да го
заработат повеќекратно.
Од 2008 година, беа поднесени бројни апликации за планирање на локацијата, кои беа одобрени од Кенсингтон и Советот на Челзи во 2012 година. На друго место во Лондон, имотот на Кремљ вклучува најмалку 12 станови и куќа во центарот на Лондон во вредност од повеќе од 100 милиони евра.
Московската банкарка Елена Котова, која е осудена за корупција, е именувана за планирање апликации до Советот на Кенсингтон и Челзи. Таа остана без работа во Европската банка за обнова и развој поради барање мито од околу еден милион евра во Москва во 2014 година. Британската Национална агенција за криминал заклучила и дека Котова барала мито за проекти во ЕБОР од 2005 до 2011 година и го запленила нејзиниот стан во Лондон вреден околу два милиони евра, како и 261.000 евра во готовина. Сепак, таа тврди дека е невина.
