Русија гради гасовод во Македонија наместо „Јужен поток“
Руската компанија „Стројтрансгас“ објави дека ја започнува изградбата на делот од гасоводот Клечовце-Неготино во Македонија вреден 75 милиони долари. Овој проект ќе се реализира наместо „Јужен поток“, пишува руски „Комерсант“.
Од вкупната вредност на гасоводот Македонија ќе плати 15 милиони долари.
Претходниот руски обид за енергетски проект на Балканот се покажа неуспешен. „Стројтрансгас“ требаше да го изгради бугарскиот дел од „Јужен поток“, но Русија се откажа од него поради конфликтот со ЕУ. Македонскиот проект сепак преживеа, иако требаше да стане дел од „Јужен поток“. Тој може да се соедини со гасотранспортниот систем од страната со Грција, овозможувајќи им на Македонија, Србија, Унгарија и Австрија да добиваат гас по замена за „Јужен поток“ со проектот “Турски поток“.
Шефот на рускиот гигант Генадиј Тимченко уште кон крајот на оваа недела започна со работа на изградбата на проектот за гасоводот во Македонија, изјавиле за овој медиуми блиски до компанијата извори. Почетната фаза е поврзана со оценка на работната рака и ресурсите.
Ова е првата фаза од гасоводот Клечовце - Неготино, кој ќе е со должина 61 км должина и дијаметар 508 мм. Гасот треба да биде испорачан до градот Штип. Градежниот период е малку повеќе од една година. Потоа ќе се изградат уште 60 километри цевководи за поврзување со гас систем во Грција.
Минатата година конзорциумот предводен од руската компанија „Стројтрансгас“ го доби договорот за изградба на бугарскиот дел од гасоводот „Јужен поток“. Проектот од 3,5 милијарди евра 63% од „Стројтрансгас груп“ е сопственост на олигархот Генадиј Тимченко, кој падна во листата со лицата санкционирани од САД во врска со кризата во Украина и пристапувањето на Крим кон Русија.
