Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија го затвара клириншкиот долг кон Црна Гора

Русија го затвара клириншкиот долг кон Црна Гора
Русија ќе и предаде на Црна Гора 13 камиони за чистење снег со вкупна вредност од 2,7 милиони долари во рамки на остатокот од исплатата на рускиот клириншки долг кон Црна Гора.

Црногорското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчера од Русија во Подгорица пристигнале два камиони за чистење снег, а третиот бил на пат.

Останатите десет камиони минуваат низ царински процедури и се очекува во следните денови да пристигнат во Подгорица, каде ќе му бидат предадени на Министерството за внатрешни работи. Со овие доставки ќе заврши исплаќањето на долгот на Руската Федерација кон Црна Гора во рамки на меѓувладината спогодба за уредување на задолженијата на поранешниот Советски сојуз кон поранешна Југославија во износ од 18,6 милиони еврa.
Слично

Поврзани вести