Русија го усвои буџетот за 2026-2028 година - кои се приоритетите?
Русија го усвои буџетот за 2026-2028 година, а приоритети се одбраната, инфраструктурата и семејството.
Руската државна Дума денеска го усвои во второ читање законот за федералниот буџет за 2026 година и планираниот за период 2027-2028 година.
Главниот дел од издвоените повеќе од седум милијарди рубли (околу 74,2 милијарди евра) е наменет за одбрана, безбедност и финансирање на руските воени сили во Украина, пренесува РИА Новости.
Дополнителни средства ќе бидат насочени кон капитален ремонт на училишта, изградба и реконструкција на патишта, развој на рурални територии, поддршка на приоритетните области на агробизнисот и субвенционирано кредитирање.
foto freepik.com
Слично
