Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Во руското пристаниште Санкт Петерсбург беше демонстриран „Сибир“ најмоќниот нуклеарен мразокршач со два нуклеарни мотори со потенцијал од 175 мегавати. Импозантниот брод ќе плови по Северно-ледениот океан и ќе го пробива патот за танкери и товарни бродови во најострите временски услови.

„Сибир“ е втор од вкупно трите планирани нуклеарни мразокршачи покрај „Арктика“ и „Урал“ кои во наредните 3 години ќе бидат ставени во целосна употреба со што ќе се засили присуството на Русија на Северниот пол, а ќе се пробиваат рути за достава на гас и добра до Азија. 

Нуклеарниот мразокршач „Сибир“ ќе има посада од 75 морнари, долг е 173,3 метри, има висина од 34 метри, како и носивост од 33,500 тони.


Слично

Поврзани вести