Русија ги укина царините за увоз на гориво! Еве што значи тоа за пазарот
Рускиот вицепремиер Александар Новак денес изјави дека Русија ги укинала царините за увоз на горива, но дека засега не гледа потреба да купува нафтени производи од странство, објави руската телевизија „Росија 1“.
Како што објави Ројтерс, во некои руски региони има недостиг на бензин, а властите се принудени да ја ограничат продажбата на гориво по серијата напади од украински беспилотни летала врз рафинериите за нафта.
Новак додаде дека домашната побарувачка за нафтени деривати е во опаѓање.
„Ситуацијата е стабилна, а домашниот пазар е целосно снабден со нафтени деривати. Владата одлучи да ја укине увозната давачка“, истакна рускиот функционер.
Тој додаде дека руската влада го ограничила извозот на дизел за препродажба и ја продолжила забраната за извоз на бензин.
Според Новак, целта на овие мерки е да се обезбедат дополнителни количини гориво за домашниот пазар.
foto freepik.com/bearfotos