РУСИЈА ГИ ОПИША ШЕМИТЕ НА ИД: Џихадистите заработуваат 1,5 милиони долари на ден од нафта!
Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјавил на седница на Советот за безбедност на ОН дека приходите на терористичката група "Исламска држава" од шверц на нафта достигнуваат 1,5 милиони долари на ден, а поголемиот дел од сообраќајот минува низ Турција , пренесоа агенциите.
Чуркин детално ја опиша шемата за испораки на нафта во Турција ", организирана со посредство на економски структури во сенка".
Шверцерите ги сечат слободно границите и доаѓаат во директен контакт со старешините на "Исламска држава", за да се договорат за трансакциите. Во повеќето случаи за превоз на нафтата се користат цистерни кои поминуваат во илјадници на број во турските гранични премини. Со нивната испорака за "Исламска држава" се занимаваат турски компании, додаде рускиот дипломат. Потоа нафтата или се преработува или се транспортира во турските пристаништа, главно Чејхан.
Чуркин истакна дека благодарение на руските воздушни напади има значителен пад на нелегалниот извоз на нафта. Во разговор со медиумите тој не ја отфрли можноста за наметнување на санкции на Советот за безбедност на Турција, ако се разјасни дека таа не презема доволно ефикасни мерки за борба против финансирањето на тероризмот.
