Русија ги омекна санкциите против Турција, Анкара одговори: Не сме изненадени
Законот за отстранување на дел од руските ограничувања наметнати над турски компании и поединци е предложен за дискусија во руската Дума.
Во него им се нуди на турските компании и физички лица да им биде дозволено да продолжат со бизнисите на руска територија, ако нивните стоки и услуги „не можат да бидат заменети соодветно или нивната замена ќе чини скапо“.
По тој повод, турскиот министер за трговија и царина Булент Тoфекчи изјавил за „TRT“ дека тоа не е изненадување за Анкара, бидејќи власта во земјата отсекогаш била убедена дека санкциите не можат да продолжат долго.
Сега од Анкара ги очекуваат наредните чекори од руската страна во овој правец. „Воведувањето на еднострано ембарго не е од корист за никого. Ние одамна велиме дека ограничувањата наметнати од Русија кон нашиот бизнис, ќе ја попречат руската економија повеќе отколку нашата“, изјави министерот.
Според него, економската ситуација во Русија и падот на куповната моќ на населението се јасен знак дека слични услови може да се очекуваат и во иднина.
