Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА Е МИНАТО: Германија купува гас од јужноамериканска земја

РУСИЈА Е МИНАТО: Германија купува гас од јужноамериканска земја

SEFE ќе купува два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно од аргентинската компанија во период од осум години, почнувајќи од 2027 година, се вели во соопштението.

Германскиот државен снабдувач со енергија SEFE објави дека потпишал договор со аргентинската компанија Southern Energy за купување течен природен гас од 2027 година.

Договорениот обем претставува околу една третина од идното годишно производство на течен природен гас (LNG) на аргентинската компанија. 

„Договорот е вреден 7 милијарди долари“, изјави Хорасио Марин, извршен директор на акционерот на Southern Energy, YPF. 

YPF е државна нафтена компанија на Аргентина.

Southern Energy е основана во 2024 година и планира да го лансира првиот голем проект за извоз на LNG во Аргентина, кој ќе вклучува два пловечки терминали со вкупен капацитет од околу шест милиони тони годишно.

Пловечкиот терминал Hilli Episeyo ќе втечнува 2,45 милиони тони гас годишно од крајот на 2027 година, а MK II ќе втечнува 3,5 милиони тони годишно, почнувајќи од крајот на 2028 година, пренесува Слободна Босна. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести