Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ДОЛГОВИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌА ВО РУБЉИ: „Ја блокиравте нашата валута, тогаш ќе добиете рубљи“-министерот за финасии Силуанов до Западот

РУСИЈА ДОЛГОВИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌА ВО РУБЉИ: „Ја блокиравте нашата валута, тогаш ќе добиете рубљи“-министерот за финасии Силуанов до Западот

Западот замрзна дел од златните и девизните резерви на Русија по почетокот на специјалната операција во Украина, а денеска Министерството за финансии ја соопшти точната бројка.

- Вкупниот износ на резерви е околу 640 милијарди долари, а околу 300 милијарди долари резерви сега не можеме да користиме - изјави министерот за финасии Антон Силуанов за руските медиуми.

Тој рече дека Русија ќе ги враќа долговите кон другите земји, но во рубли.

- Не одбиваме да платиме. Но, бидејќи ја блокиравте нашата валута, тогаш ќе добиете рубљи. Мораме да платиме за увоз на храна, лекови и редица други основни добра. Но - повторувам - долговите што треба да ги платиме кон државите кои се непријателски настроени кон Руската Федерација и кои направија такви ограничувања во користењето на златните и девизните резерви - долговите на тие земји ќе ги плаќаме во рубли, рече Силуанов.

ФОТО: EPA/ANATOLY MALTSEV

Слично

Поврзани вести