Русија дефинитивно го угуши гасоводот „Јужен тек“
Без оглед што изминатиот месец се вратија шпекулациите дека проектот за рускиот гасовод „Јужен тек“ ќе се врати на агендата со нови преговори меѓу Бугарија и Русија тој дефинитивно е прекинат.
Александар Новак, министерот за енергетика на Русија, за време на Источниот економски форум во Владивосток порача дека „Јужен тек“ нема да се гради и воопшто не се разгледува како можност во скоро време.
Бугарија по барање на ЕУ во 2014-та побара од Русија прекин на изградбата на гасоводот чиј крак можеше да поминува и низ Македонија. Неодамна Бојко Борисов, премиерот на Бугарија изјави дека може повторно да преговараат со Москва. Путин веднаш му одговори дека ако Бугарија сака рестарт на проектот „Јужен поток“, ќе треба да даде „железно-бетонски“ гаранции од правен карактер, дека тој ќе се реализира.
Сега постои опција за градба на гасовод преку Турција, но овој енергетски потфат секако ќе биде оспоруван од политичките противници на Путин од Западот.

Слично