Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА: БРИКС никогаш не бил и нема да биде воен сојуз

РУСИЈА:  БРИКС никогаш не бил и нема да биде воен сојуз

Русија вели дека БРИКС никогаш не бил и нема да биде воен сојуз. 

БРИКС нема намера да стане воен сојуз и не е ни меѓународна организација или интеграциска структура, туку меѓудржавно здружение на рамноправни учесници.

„Дури и теоретски, ставањето на БРИКС на исто ниво со воениот блок на НАТО, кој со децении беше обележан само со крвави инвазии и поткопување на безбедноста во различни региони на планетата, е едноставно смешно“, велат руските власти. 

Министерството потсети дека БРИКС подразбира мултидисциплинарно стратешко партнерство засновано на три клучни столба: политика и безбедност, економија и финансии, култура и хуманитарни врски, јавуваат српските медиуми.

Нагласено е дека односите меѓу партнерите на БРИКС се градат врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, принципи на отвореност, прагматизам, солидарност и нетаргетирање кон никого.

Инаку, по Турција, и Куба сака да биде дел од БРИКС. 

Слично

Поврзани вести