Економија, финансии, бизнис

Контакт

Румен Радев ги нарече Украинците и Русите браќа, но Кулеба му одговори дека не е така

Румен Радев ги нарече Украинците и Русите браќа, но Кулеба му одговори дека не е така

Претседателот на Бугарија, Румен Радев направил гаф пред украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, така што ги нарекол Русите и Украинците „браќа“. 

Радев повика братоубиствената војна во Украина да заврши што поскоро. На, ова одговори Кулеба кому му пречеше двата народи да ги наречат браќа. 

„Откако Русија ја нападна Украина и изврши ужасни злосторства, се согласувам со вас дека сторителите треба да бидат казнети, но малкумина можат да го превртат јазикот и да ги наречат братски украинскиот и рускиот народ. Мислам дека Украинците и Бугарите имаат повеќе причина да се нарекуваат братски народи, особено по оваа поддршка што ја дадовте. Украина ги третира сите етнички групи подеднакво, без оглед на тоа кои се тие. Ние имаме една задача – да ја заштитиме нашата земја“, му рече Кулеба.

Радев повика во ЕУ да се најде можност за побрзо закрепнување на Украина, како и наскоро да се спроведе независна меѓународна истрага за убиствата на цивили и злосторствата за време на војната, а одговорните за тоа да бидат најстрого казнети. 

Кулеба рече дека Украина ја цени позицијата на Бугарија и нејзиното пристапување кон некои од европските санкции. На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести