Економија, финансии, бизнис

Контакт

Румен Радев е петтиот претседател на Бугарија

Румен Радев е петтиот претседател на Бугарија

Генералот Румен Радев е новиот претседател на Бугарија. 

Новиот потпретседател е Илија Јотов. Ова го покажуваат првичните резултати. 

Независната двојка Радев-Јотов, поддржана од БСП, води со 58,1%, пред кандидатот на ГЕРБ Цецка Цачева, која има 35% од гласовите. 

„Не поддржувам никого" заокружиле 6,6% од гласачите.

Во првиот круг разликата меѓу двајцата кандидати беше под 4% или околу 130 000 гласа.

41.93% беше излезноста до 17 часот. Тоа се 2 867 047 лица во целата земја. Највисока излезност од 49.82% има во Софија  и Перник. Најниска е излезноста во Крџали - 27.13%. Во првиот круг излегоа 45,11% од граѓаните со право на глас.


Слично

Поврзани вести