Руфи Османи против Али Ахмети во 6-тата изборна единица
ДУИ сепак се одлучи да кандидира листа за пратеници и во изборната единица број 4. Четвртата изборна единица го опфаќа југоисточниот регион на Македонија, поточно Струмица, Прилеп, Гевгелија и Кавадарци, а оваа листа партијата на Ахмети ја дефинираше последна.
Според информациите на Алсат, листата ќе ја предводи Неџати Јакупи. Според претходно објавеното, во изборната единица 1 листата на ДУИ ја предводи Ермира Мехмети, во двојката - Реџаил Исмаили, во изборната единица 3 - Беџихудин Шехапи, во петката - Муса Џафери и во шестиот изборен регион - лидерот на партијата Али Ахмети.
Во финална фаза на изготвување на кандидатските листи е и партијата НДП на Руфи Османи. Извесно е дека лидерот на партијата ќе ја предводи листата во ИЕ6. Во изборната единица 5 носител е Ардиан Демири, а во двојката - Џезаир Шаќири. Во изборната единица 7, која ги опфаќа Европа и Африка, одлучено е НДП да учествува со Енвер Османи.
Носителите на листи за претстојните парламентарни избори денеска ги претстави и партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Носител во изборна единица број 1 ќе биде проф. д-р Чедомир Саздовски, во изборна единица 2 Виктор Цветковски, во изборна единица број 3 магистер Штерјо Николов, во изборна единица 4 Панче Минов во изборна единица 5 Љупчо Настевски и во изборна единица број 6 ќе биде магистер Горан Анчевски
Слично
