Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рудникот САСА воведе високи еколошки стандарди

Рудникот САСА воведе високи еколошки стандарди
На месец пред истекот на крајниот рок, рудникот САСА од Македонска Каменица е прв во оваа дејност кој успеа да обезбеди А интегрирана еколошка дозвола. Од 2008 година до денес, компанијата вложила 1,2 милиони евра за воведување повисоки еколошки стандарди. Последната инвестиција, пречистителна станица за фекални води, уште е во фаза на изградба. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска ја додели еколошката дозвола на раководството на САСА. „САСА ги реализираше сите барања од оперативниот план, а воедно имплементира и високи стандарди за заштита на животната средина, како почитување на најстроги гранични вредности за излезната вода од јаловината, која со изградбата на пречистителната станица ќе може да се реупотребува“, рече Адеми. Вкупно 66 компании досега ја исполниле обврската и обезбедиле интегрирани еколошки дозволи, а уште 23 се во процедура. Адеми пред два дена обелодени дека дел од компаниите побарале продолжување на рокот за обезбедување на повисоките еколошки стандарди и по 1 април.
Слично

Поврзани вести