Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУДАРСКО ГРАТЧЕ СО ЕВТИНИ СТАНОВИ: Она што ќе го добиете за 7000 евра е екстра

РУДАРСКО ГРАТЧЕ СО ЕВТИНИ СТАНОВИ: Она што ќе го добиете за 7000 евра е екстра

Мајданпек е мало рударско гратче во источна Србија близу до романската граница каде за неколку илјади евра можете да купите стан, па дури и за ниски цени се нудат на продажба станови опремени со мебел.

Станови има доста за продажба во Мајданпек, и не може никој да каже сума по метар квадратен затоа што цените се фиксни.

„Цената зависи од положбата и среденоста. Пред месец дена продадов двособен стан за 7000 евра. Она што сега ми паѓа на памет е дека има двособен стан сосе мебел за 12.000 евра и еден трособен од 70 квадрати без мебел за 13.000 евра. Работам во јавно станбено претпријатије и на многу луѓе им помогнав за продавање на станови, велат ми оди од рака. Овде најскапите станови се 22.000 евра. Во мојата зграда само јас продавам стан, но држам цена, инаку има доста евтини станови и по тоа сме познати. Многу млади луѓе сакаат да живеат во Белград, но откако ќе основаат семејство, се враќаат овде, затоа што има сѐ што е неопходно за деца, и станот таман добро ќе им дојде“ - вели Сузана Бранкован од Мајданпек.

Таа има детална слика за сите станови кои се продаваат по улици и локации во градот.

Додава дека во центарот на градот становите се поскапи, затоа што во радиус од 100 метри имаат продавници, банки, болница, пошта, автобуска станица, и сите други институции се во непосредна близина.

Но, друга жена која живее во овој град вели дека цените се ниски затоа што народот извесно време се иселува. Становите долго чекаат купувачи, и затоа цените се многу ниски.

„Ретко кој купува, повеќето луѓе бегаат. Кинезите ќе стартуваат од 1 јануари во рудникот и ќе има многу прашина во градот, нема да се живее. И јас сакам да побегнам од овде. Платите во рудникот се добри, над 500 евра, но многу се работи“ - вели В.Б.


Во Мајданпек кирија ретко кој плаќа, затоа што оние газди кои имаат станови, а не можат да ги продадат, ги издаваат на своите сограѓани на кои им треба простор за живеење, под услов да го одржуваат и да ги плаќаат сметките. Оваа варијанта ја бираат оние кои не можат да го продадат станот, а при тоа заминале на село за да обезбедат егзистенција. 

Поради миграцијата кон поголемите градови, во ова мало гратче живее постара популација, а бројот на млади се намалува.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести