Рударскиот сектор бележи пад, доцни потпишувањето на концесиите
Македонската асоцијација на рударство укажа дека нивниот сектор бележи голем пад годинава бидејќи се уште не се потпишани концесиите за рудниците Злетово и Тораница кои и натаму не работат, но очекуваат идната година поголемо раздвижување кога ќе се реализираат повеќе инвестиции и ќе се отворат нови рудници меѓу кои и Казан дол за бакар.

„За седум месеци извозот изнесува 150 милиони евра, додека увозот е околу 110 милиона евра. Ова намерно го нагласувам за да се види дека тој сектор, металичниот, стои релативно добро за разлика од неметалите каде увозот изнесува околу 300 милиона долари, а извозот едвај педесетина милиони“, вели Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударство.
На светските берзи цените на металите и натаму се ниски но, се стабилизирани со што може да се оствари профит, ама не и поголеми инвестиции во самите рударски компании. Затоа МАР бара поголемо вложување на власта во стимулирање на рударскиот сектор кој сега учествува со 10% во индустриското производство.
