Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУДАРСКА НЕСРЕЌА: Повреден е најдобриот рудар!

РУДАРСКА НЕСРЕЌА: Повреден е најдобриот рудар!
Еден рудар е повреден во рудникот за олово и цинк „Злетово“ кај Пробиштип. Во рудникот со кој управува компанијата „Индо минерали и метали“ бил повреден 38-годишниот кратовчанец И.К. и тоа само десет дена откако на Денот на рударите доби златна плакета за најдобар рудар во Македонија. Тој се здобил со скршеница на левата потколеница, веднаш бил пренесен во штипската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во скопскиот Ургентен центар, објави Канал 5. Тој е опериран и е надовр од животна опасност. Несреќата се случила кога рударот ја правел стандардната процедура за претходна проверка на камените блокови за бушење. Ненадејно еден од нив со поголем габарит се откинал и му паднал врз левата нога. Јамата каде се случи несреќата денеска е затворена, а претставници на  Републичкиот рударски инспекторат за утре најавија детална истрага.
Слично

Поврзани вести