Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рударите од Злетово и Тораница ќе ги добијат заостанатите плати

Рударите од Злетово и Тораница ќе ги добијат заостанатите плати

Рударите од рудниците Злетово и Тораница деновиве ќе ги добијат трите заостанати плати од претходната стечајна постапка.

Овие плати на рударите не им беа исплатени од претходните сопственици.

„Од продажбата од имотот на двата рудници првенство на наплата ќе имаат овие рудари“ -  кажа заменик министерот за економија, Христијан Делев.

Во наредниот период од стечајната маса ќе бидат исплатени и останатите доверители.

Бугарската фирма „Минстрој“ веќе станаа и официјално сопственик на двата рудници. Од компанијата аплицирале за сите потребни дозволи од Министерство за економија и од Министерство за животна средина.

Ангажирани се околу 160 луѓе во двата рудници кои работат интензивно на подготовките за рестартирање на рудниците. Двата рудници долго време беа запуштени и затоа ќе биде потребно време за да се доведат до ниво на безбедност. Месецов се очекува да почне процесот на производство во рудникот Злетово, а потоа и во рудникот Тораница.

Слично

Поврзани вести