Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ручек за еден скопски бездомник чини 80,3 денари

Ручек за еден скопски бездомник чини 80,3 денари

„Специјал продукт“ е фирмата со која е склучен договор да подготвува оброци за бездомниците во Скопје во периодот до крајот на август следната година.

Договорот е склучен со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, а истиот изнесува 6,3 милиони денари со ДДВ.

Доставувањето на готовите оброци, дистрибуцијата и доставувањето ќе се врши секојдневно според менито на исхрана во Центарот за лица бездомници.

Според договорот, ориентационо ќе треба да се доставуваат секој ден по 105 оброци за бездомници над шест години и истите да чинат 57,17 денари за доручек, 80,30 денари за ручек и 63,52 денари за вечера. За деца до 6 години ориентационо ќе се подготвуваат по 35 оброци на ден и тоа 50,82 за доручек, 80,76 денари за ручек и 57,17 денари за вечера.

Слично

Поврзани вести