Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубљата стабилна, посилна од нафтата!

Рубљата стабилна, посилна од нафтата!

Рубљата пораснала за 13 одсто од почетокот на годината и повеќе на неа не влијае падот на цената на нафтата или плаќањето на надворешниот долг, вели рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Рубљата повеќе не е поврзана за цената на нафтата чиј пад доведе до дрстилни девалвации на руската валута кон крајот на 2014 година, рекол Силуанов.

„И покрај падот на цената на нафтата во последните неколку дена, курсот на рубљата практично мирува. Што значи тоа? Тоа значи дека валутата го нашла своето ново место во условите на новите цени на нафтата и новиот платен биланс“, рекол министерот во интервју за руска телевизија.

Силуанов рекол дека курсот на рубљата не паднал во февруари во текот на исплатата на надворешниот долг на руските компании. Тој додал дека нема да има никакви значајни промени во курсот.

„Дури и ако цените на нафтата бидат поинакви од денес, курсот на рубљата нема да реагира на ист начин како на крајот на минатата или почетокот на новата година“, рекол Силуанов.

Силуанов додал дека вредноста на рубљата во однос на доларот и еврото пораснала за 13 одсто од почетокот на годината.

Слично

Поврзани вести