Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубљата со најголем пад меѓу валутите на земјите во развој

Рубљата со најголем пад меѓу валутите на земјите во развој

Руската рубља и јужноафриканскиот ранд го забележаат рејтингот на валутите со најголем пад од пазарите во развој, соопштува Bloomberg.

Агенцијата забележува дека колапсот на светските цени на природен гас и нафта, чие учество достигнува речиси 50% од приходите на рускиот буџет, довел до слабеење на руската валута со 6,6%.

Клучен катализатор на падот на цените на енергоресурсите сега е враќањето на Иран на нафтениот пазар, уште еден негативен катализатор се фундаменталните фактори - побарувачката и понудата.

Во понеделникот нафтата од типот „брент“ го обнови 12-годишниот минимум, и падна под 28 долари за барел. Агенцијата забележува дека буџетот на Русија е пресметан при годишна цена на нафтата од типо „брент“ на ниво од 50 долари за барел.

Претходно беше соопштено дека Државната Дума (рускиот парламент) инсистира на измени во буџетот за 2016 година.

Слично

Поврзани вести