Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубљата падна како одговор на Минск

Рубљата падна како одговор на Минск

Руската валута рубља денеска бележи стрмен пад по песимистичната изјава на претседателот на Украина Петро Порошенко на преговорите во Минск околу Украинската криза.

За еден долар може да се добие 67,5 рубљи во однос на вчерашната цена од 62,25.

За едно евро се добива 76,41 рубља, додека вредноста вчера беше 73,95 рубљи.

Руската валута од крајот на минатата година бележи пад на вредноста како резултат на падот на нафтата и гасот поради санкциите кон Русија и Украинската кирза. Претседателот на Украина Петро Порошенко вчера изјави „сеуште нема добри вести“  на состанокот во Минск и дека предлозите од руска страна се „неприфатливи“, но неколку часа потоа лидерите постигнаа договор. [button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/02/12/minsk-se-postigna-dogovor-za-prekin-na-ognot/" target="blank" ]МИНСК: Се постигна договор за прекин на огнот![/button] [button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/02/12/foto-ova-se-dokumentite-koi-se-potpishani-vo-minsk/" target="blank" ]Ова се документите кои се потпишани во Минск![/button]
Слично

Поврзани вести