Економија, финансии, бизнис

Контакт

РТС може да заработи тужба заради Кончита Вурст

РТС може да заработи тужба заради Кончита Вурст
ЛГБТ инфоцентарот во Белград бара извинување од државната телевизија РТС и го осудува однесувањето на националниот коментатор при настапот на австриската претставничка и победничка на „Евросонг“ Кончита Вурст. Во спротивно, претставниците на ЛГБТ заедницата во Србија најавуваат дека ќе поднесат тужба до државната телевизија. „Сметаме дека е недозволено да се вреѓа транс-популацијата на национален сервис, кој е сервис на сите граѓани, па и на ЛГБТ популацијата, која веќе со години активно ја игнорира. Сместување на транс личноста Кончита Вурст во доменот на бизарност, циркус, фрик-шоу и згрозување кога оваа претставничка добиваше максимум поени е едноставно недозволиво“, се наведува во соопштението на овој центар. Претставниците на оваа заедница оценуваат дека коментаторите на РТС „ја дискриминирале ЛГБТ популацијата, што во Србија е забрането согласно Законот против дискриминација и други законски и подзаконски акти поврзани со медиумите“. Доколку не добие извинување ЛГБТ инфоцентарот најавува дека ќе поднесе тужба против РТС до наделжните за заштита на рамноправноста, како и до Републичката агенција за радиодифузија.
Слично

Поврзани вести