Економија, финансии, бизнис

Контакт

РСС: „Мини Шенген“ е потребна иницијатива што треба да се разгледува

РСС: „Мини Шенген“ е потребна иницијатива што треба да се разгледува

„Секоја иницијатива што води до отстранување на бариерите во нашиот регион е задолжително потребна и треба да биде разгледувана“ – соопшти денеска Регионалниот совет за соработка (РСС), во врска со т.н. „Мал Шенген“.

РСС, потенцира дека регионалната соработка е нешто што се движи и дека проширувањето на ЕУ во суштина е процес кој ги поврзува пазарите и луѓето. „Затоа, ние ги држиме очите и ушите отворени за секој одделен предлог на секоја од земјите во регионот и ќе продолжиме да го правиме тоа“.

Во соопштението се потсетува дека РСС на состаноците на лидерите на иницијативата „Мал Шенген“ бил поканет исто како што биле поканети ЕУ, САД, Светска банка, Европска банка за обнова и развој и Европска инвестициона банка, со цел да ги слушнат предлозите на лидерите од Западен Балкан.

РСС е еден вид оперативно тело на земјите од Процесот на соработка во Југоисточна Европа, задолжено во рамките на Берлинскиот процес да ја помага соработката во регионот во повеќе различни области.

Слично

Поврзани вести