Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роза Топузова-Каревска останува пратеник, нема да биде исклучена од ЛДП

Роза Топузова-Каревска останува пратеник, нема да биде исклучена од ЛДП

Роза Топузова-Каревска нема да ја следи инструкцијата на нејзината матична и на останатите партии од опозицијата и нема да поднесе оставка на пратеничката функција денеска.

Својата одлука таа ја објаснува во изјава за Утрински весник. „Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија со режимот на власта. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале“, вели Топузова-Каревска.

Таа тврди дека во Парламентот ќе продолжи да работи како опозициски пратеник и критички ќе ги опсервира политиките на владејачкото мнозинство.

Од партијата немаат механизам да ја исклучат заради ваквиот став. Во ЛДП нејзината постапка ја оценуваат како „разочарувачка и непримерна“, но појаснуваат дека статутот не им дозволува да ја исклучат од партиско членство.

Слично

Поврзани вести