Роуд шоу во лов на британските инвеститори
Роуд шоу во Велика Британија. Државната делегација на чело со вицепремиерот Зоран Ставрески, инвестицискиот рај во Македонија ќе им го презентира и на бизнисмените од Ливерпул, Лидс, Шефилд и Лондон.
Денеска во Ливерпул делегацијата се сретнала со претставници на неколку поголеми компании, а вицепермиерот Ставрески имал свое излагање пред бизнисмените од Трговската комора на овој град каде што, како што е вообичаено за ваквите роуд шоуа, презентирал колку се ниски даноците во Македонија и колку земјата е отворена за примање на странските инвеститори.
Во состав на делегацијата се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.
Како што соопштија од Министерството за финансии, презентации ќе се се одржат пред бизнис заедниците во сите градови што ќе ги посети владината делегација.
