Роуд шоу во Кина, Груевски ветува слободна економска зона само за Кинези
Со интервју за најголемата кинеска телевизија CCTV, премиерот Никола Груевски ја започна официјалната посета на Кина. Како што соопшти владината прес-служба, во интервјуто Груевски зборувал за билатералните односи меѓу државите и за можностите за остварување економска соработка, раст на трговската размена и инвестициите.
Главен акцент бил ставен на темата економија, и вообичањено на поволностите за инвестирање и реформите во Македонија, со цел за привлекување на кинеските инвестиции во земјава. Груевски ги презентирал поволностите за инвеститорите, ниските даноци и трошоци, како и скратените и олеснети административни процедури и поволностите за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони.
Груевски најавил дека постои можност за создавање специјализирана технолошко-индустриска развојна зона наменета само за кинески компании заинтересирани да инвестираат во нашата земја, која треба да биде кинеска порта во Европа.
Според Кабинетот на премиерот, посетата на македонскиот владин тим наишло на голем медиумски интерес во Пекинг. CCTV поседува вкупно 22 канали и е водечки медиум на азискиот континент.
