РОТ со јасна порака: Македонија да ги спроведе реформите за ЕУ!
Деновиве во земјава престојува државниот министер за надворешни работи во Германија , Михаел Рот. Тој вчера имаше среди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и со лидерот на СДСМ.
Денеска Рот оствари средба пак со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а присуствуваше и на дебата на Правен факултет во Скопје.
Во текот на дебатата Тот искажал загриженост за состојбата во која се наоѓа земјава.
„Политичките лидери не се свесни во какви проблеми се наоѓа државата . Во моментов ЕУ се соочува со многу кризи и не може да се концентрира на Македонија. Заедничка задача на власта и опозицијата е да ја стабилизираат политичката состојба….Загрижен сум за неостварувањето на Договорот од Пржино а партиите го губат времето бесмислено, тактизираат а времето поминува.“,пососчил Рот.
Тој истакнал дека Македонија го губи меѓународниот кредибилитет.
Во обраќањето пред студентите на Правниот факултет тој испрати јасна порака дека Македонија мора да ги спроведе реформите за ЕУ и да ги исполни ветувањата.
