Економија, финансии, бизнис

Контакт

Росу упадна во зграда кај Газивода

Росу упадна во зграда кај Газивода

Косовски специјалци од Росу, со оклопни возила и под силно вооружување упаднале во објектот на големата брана на езерото Газивода, јавува РТС. 

„Косовските специјалци под силно вооружување и со оклопни возила упаднаа во областа Газивода, го избркаа чуварот кој го мери нивото на водата и ги урнаа српските знамиња. Според последните информации тие се уште се наоѓаат на објектот кај големата брана кај Газивода“, пренесе РТС.

На Косово има барикади. Последниве два - три дена повторно има тензии на Косово. 

Инаку, Србија бара враќање на 1.000 нивни војници на Косово, а косовските власти пак се закануваат дека ќе одговорат на тоа.

Српскиот министер за надворешни работи,  Ивица Дачиќ вели дека косовскиот премиер Албин Курти пали оган. 

Слично

Поврзани вести