Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОСНЕФТ ЌЕ ИСПЛАТИ РЕКОРДНА ДИВИДЕНДА И ПОКРАЈ САНКЦИИТЕ: И Гаспром ќе подели највисока дивиденда во историјата на руската берза

РОСНЕФТ ЌЕ ИСПЛАТИ РЕКОРДНА ДИВИДЕНДА И ПОКРАЈ САНКЦИИТЕ: И Гаспром ќе подели највисока дивиденда во историјата на руската берза

„Роснефт“, најголемата нафтена компанија на Русија ќе исплати рекордна дивиденда за 2021 година поради зголемените цени на суровата нафта, иако рускиот државен шампион на нафта се соочува со зголемени проблеми поради западните санкции по инвазијата на Владимир Путин на Украина, наведува FT.

Компанијата, предводена од клучниот сојузник на Путин, Игор Сечин и одговорна за 40 отсто од руското сурово производство, во понеделникот соопшти дека ќе исплати 23,63 рубљи по акција како конечна дивиденда, со што исплатата за 2021 година ќе изнесува 41,66 рубли. Севкупно ќе исплати 441,5 милијарди рубли (7 милијарди долари), што е еднакво на половина од нејзината годишна нето добивка.

Рекордната исплата доаѓа откако Газпром, државниот производител на гас, ја објави својата најголема дивиденда досега во вкупна вредност од 1,24 трилиони рубли, за која рече дека е највисока во историјата на руската берза.

Исплатите ги истакнуваат неочекуваните добивки за Кремљ од зголемувањето на цените на суровините, влошени од неизвесноста околу континуираното руско снабдување на глобалните пазари по закрепнувањето на побарувачката за енергија откако економиите излегоа од пандемијата на корона вирусот.

„Роснефт“ во февруари го објави својот најголем нето приход за целата година од 883 милијарди рубли за 2021 година, што е речиси шесткратно зголемување во однос на претходната година кога пандемијата доведе до колапс на побарувачката.

Рускиот вицепремиер Александар Новак рече дека во април производството на нафта во земјата било за околу 1 милион барели дневно помало, но, во мај се опорави за 200.000 до 300.000 барели на ден и Москва очекува да биде обновен поголем обем следниот месец, бидејќи руските продавачи се насочуваат кон Азија.

Од 15 мај, на трговците со стоки со седиште во ЕУ и Швајцарија им беше забрането да продаваат барели на Роснефт на кое било друго место во светот, отсекувајќи го рускиот производител од некои од најмоќните светски компании од витално значење за испорака на нафта до потрошувачите.

ФОТО: EPA/YURI KOCHETKOV

Слично

Поврзани вести