„Росатом“ се подготвува да излезе на западниот пазар за нуклеарно гориво
Росатом „се подготвува да излезе на западниот пазар за нуклеарно гориво. Ова ќе и овозможи на руската државна корпорација да го испорачува своето производство не само на нуклеарни централи кои работат со руски реактори, но и со западно производство. Тоа го изјави во интервју за ТАСС шефот на „Росатом“ Сергеј Кириенко.
Денес Русија држи 17 проценти од светскиот пазар за гориво за нуклеарни централи, целосно обезбедува одржување на 76 енергетски реактори во Русија и 14 други земји, меѓу кои се Финска, Бугарија, Унгарија, Словачка, Чешка, Украина, Ерменија и Кина.
Годишниот извоз на компанијата надминува во ревалоризиран израз 1 милијарда долари. „Росатом“ се соочува со обиди за политички притисок и провокации на западните медиуми за негови странски проекти, посочува Киријенко.
Во средината на март оваа година весникот „Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Европската комисија на пракса блокирала 12 милијарди договор меѓу Русија и Унгарија за проширување на нуклеарната централа „Пакш“. Следниот ден унгарската влада ја демантираше оваа информација.
Агенцијата „Ројтерс“ објави дека се одложува извршувањето на објекти во Турција, а турското Министерство за енергија објави дека тоа не е така, наведува Кириенко и додава дека такви методи на справување се користат кога очигледно другите не работат.
„Ние со задоволство се јавуваме на аукции и според нас најдобар начин да работиме на пазарот е да им докажеме на снабдувачите и потрошувачите дека нашата понуда е конкурентна“, истакнува шефот на „Росатом“.
