Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ромпуј: Потребна е поголема економска и правна централизација во еврозоната

Ромпуј: Потребна е поголема економска и правна централизација во еврозоната

На еврозоната и е потребна поголема економска и правна централизација, за да се избегне повторувањето на претходните грешки кои за малку не го потопија целиот проект, вели претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

Притоа Ромпуј изнесува јасен распоред за усвојување на мерки со кои значително би се зацврстиле темелите на еврото, дел од нив се технички, како организирање на надзор на сите европски банки, додека другите се политичките, како за улогата на националните парламенти во контролирањето на буџетите. Тоа пред се однесува на Велика Британија која не сака да префрли повеќе суверенитет на Брисел за решавање на должничката криза.

„Одлуките за националните буџети се во срцето на парламентарните демократии земји-членки на ЕУ. Во исто време потребно е да се земе предвид заедничкиот интерес на Унијата, а националните парламенти не се во најдобра позиција тоа да го направат“, истакнува претседателот на ЕС.

Слично

Поврзани вести