Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ромпуј оптимист за буџетот на ЕУ

Ромпуј оптимист за буџетот на ЕУ
Потребни се „болни“ решенија за новиот буџет на ЕУ за периодот 2014-2020 година, ова го изјави  претседателот на Европската унија Херман Ван Ромпуј.
- Да завршиш повеќе работи со помалку пари е навистина голем чекор. Сепак тоа е  болно дури и кога кратењата се рамномерно распределени. Поради тоа треба да покажеме чувствителност и реализам, но не треба да заборавиме дека тој буџет е буџет за остатокот од деценијата, изјави Ромпуј пред лидери на Унијата.
Интересот на Европа истовремено со националните интереси е тоа што  европските лидери според него треба да го имаат предвид.
- Постигнувањето на спогодбата е неопходно и тоа е во рамки на нашите можности, додаде тој.
Самитот на ЕУ во Брисел почна вчера, а дискусиите траеја само околу еден час, пред да бидат прекинати, со цел лидерите да можат да го разгледаат преработениот предлог-буџет на Унијата, претставен од Ромпуј.
Во најновиот нацрт-буџет Ромпуј  предлага зголемување на средствата за земјоделците и сиромашните региони, но истовремено го задржува нивото на трошоците од претходниот предлог. Трошоците за истражувања, енергетика и транспорт ќе се намалат за 13,2 милијарди евра, додека за регионална помош ќе се зголемат за 10,6 милијарди евра, а за земјоделството за 7,7 милијарди евра. Генерално предлогот на Ромпуј предвидува намалување за 80 милијарди на износот на буџетот, предложен од Европската комисија.
Слично

Поврзани вести