Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ромите во Русе: На нож со роднините на убиецот на новинарката

Ромите во Русе: На нож со роднините на убиецот на новинарката

Мирно помина ноќта во ромската населба во градот Русе, откако вчера жителите се побунија по убиството на новинарката Викторија Маринова, пишува бугарски Днес. 

Тие беа загрижени да не дојде до етнички тензии, а, добиле и закани по телефон.

Пред околу 18 часа, во соседството беше многу напнато. Дел од жителите се кренаа на бунт против сопругата и тетинот на Северин Красимиров кои се кријат во куќата каде што живеел осомничениот убиец.

Луѓето инсистираа да кажат што знаат.

Тетка му рече дека Северин не го извршил злосторството сам, а со него имало уште две лица.

Еми, сопругата на Северин, изјави дека го видела својот сопруг во саботата со крв на облеката. Но, таа не го прашала од каде е крвта, бидејќи се плашела. Потоа отишол во Германија и вети дека ќе ја однесе со себе и неа. 

Слично

Поврзани вести