РОМАТИЧАРИ И ВЕРНИ ЗАСЕКОГАШ: ТРИТЕ ХОРОСКОПИ со најголем к’смет во љубовта
Англиски весник издвојува 3-те хороскопски знаци чии романтични врски траат повеќе од 5 години. Истражувачите го базирале заклучокот на бројни студии.
Основните критериуми кои се барале биле времетраењето на врските, односот кон семејството и заедничкиот живот. Претставници на различните Хороскопски знаци би требало да одговараат на анкети поврзани со овие прашања.
По обработка на резултатите во студијата биле истакнати 3 хороскопски знаци чии љубовни врски траеле подолго и кои најлесно го прифатиле предлог за брак од партнерот.
Риби Рибите се едни од најверните на партнерите од сите Хороскопски знаци. Дури и да не се целосно задоволни, тие даваат сè од себе за да се справат со проблемите во една врска. Често Рибите се обвинувани за пасивност и тоа, иако е донекаде точно, не ја опишува целосно нивната суштина. Рибите ги сакаат децата и сонуваат за цврсто и сплотено семејство. Тоа е и хороскопскиот знак кој најмалку се стреми кон кариера а амбициите во професијата им се минимални. Во љубовта водениот знак бара емотивно посилен партнер од себе, кој ќе ја преземе контролата во врската. Тие оставаат да бидат предводени, бидејќи за нив спокојството значи и среќа.
Девица Деви исто така се склони да создаваат долготрајни врски. Овој знак сака да ја контролира насоката во која се движи врската. Кога сепак станува збор за сериозно решение, тие се консултирани со партнерот. Во една љубовна врска Девците бараат поддршка и доверба, а од своја страна даваат искреност и сигурност.
Јарец Јарците се познати со прилично гордиот темперамент, но на својот партнер можат да му понудат сигурност каква ниедна од останатите 11 хороскопски знаци не може да им понуди. Тие се емотивни суштества, но тешко ги покажуваат чувства и поради тоа повеќето луѓе ги сметаат за студени. Во љубовните врски тие ги ценат малите гестови на внимание и романтика.
