Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романскиот парламент го усвои намалувањето на ДДВ-то до 19%

Романскиот парламент го усвои намалувањето на ДДВ-то до 19%

Романскиот парламент денеска ги игнорираше резервите на ММФ и го поддржа намалувањето на ДДВ-то, пренесоа агенциите.

Новиот даночен законик, чија главна мерка е намалувањето на ДДВ-то од 24% на 19% од 1 јануари 2016 година, беше усвоен со 306 гласа од левото мнозинство, така и од конзервативната опозиција.

Во првичната верзија на законот ДДВ-то требаше да се намали на 20%, но во понеделникот премиерот Виктор Понта објави дека стапката ќе биде за 1% помала.

Според владата финансиските загуби од намалувањето на ДДВ-то ќе бидат во износ од 2,6 милијарди евра, но ќе бидат компензирани од зголемувањето на куповната моќ и создавањето на 145 илјади работни места.

Слично

Поврзани вести