Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романскиот министер за финансии поднесе оставка по обвинувањата за корупција

Романскиот министер за финансии поднесе оставка по обвинувањата за корупција

Романскиот министер за финансии Дариус Валков поднесе оставка по обвинението подигнато против него за корупција.

Тоа го изјави самиот министер пред новинарите во понеделникот, пренесоа агенциите.

„Во неделата имав средба со премиерот Виктор Понта, на кого му предадоа својата оставка“, изјавил Валков.

За неговата намера да отстапи од функцијата стана познато откако претседателот на земјата Клаус Јоханис изјави дека неговото присуство во владата го нарушува нивото на доверба кон кабинетот на министрите.

Во петокот истражните органи започнаа истрага против Валков, кој според истрагата, добил мито во износ од 2 милиони евра во замена за помош за добивање на јавни набавки, додека бил градоначалник на јужниот романски град Слатина. Самиот министер ги негира обвинувањата.

Слично

Поврзани вести