Романскиот министер за финансии осомничен за корупција, не поднел оставка
Иако Jавното обвинителство започна истрага против министерот за финансии на Романија, Дариус Валков, кој е осомничен за корупција, тој изјави дека не поднел оставка и покрај повиците на опозицијата, пренесува AFP.
Mинистерот Валков е осомничен дека во времето кога бил градоначалник на Слатина ѝ помогнал на една компанија да добие тендер во замена за поткуп од околу два милиони евра.
Според Обвинителството, кривичното дело Валков го сторил во периодот меѓу 2010 и 2013 година, додека ја извршувал градоначалничката функција.
Слично
