Романски министер доби 5 години затвор за коруптивен скандал
Пет години затвор доби денеска романскиот министер за сообраќај, Релу Фенечиу, поради корупциски скандал.
Ова е првпат романското правосудство да осуди еден актуелен министер во владата на затворска казна. Четириесет и осумгодишнот Фенечиу, кој се изјасни за невин, може да вложи жалба на судската пресуда, но премиерот Виктор Понта рече дека Фенечиу ќе го разреши од функцијата веднаш штом судот ја донесе пресудата.
Според обвинението, компаниите на Фенечиу во периодот меѓу 2002 и 2005 година и продавале на една државна компанија користени електрични прекинувачи и трансформатори по цена за нови.
Европската комисија во последниот извештај за правосудството на Романија изнесе критики поради присутноста на министри во владата кои се под истрага и ги повика да си поднесат оставка.
Слично
