Романската железницата бара спас, воведе чартер воз
Со цел да ги зголеми своите приходи романската железница воведува нов вид услуга или чартер возови. Како што објаснуваат оттаму, секое физичко или правно лице може да резервира посебен вагон или цел воз низ целата држава. Клиентите имаат можност да го изберат составот, типот на вагоните, ресторанот и сите останато услуги.
Пилот проектот започна во месец јануари, но услугата чартер вагон треба да биде дополнително развиена и испромовирана. Заклучно со октомври реализирани се вкупно 16 чартер релации , од кои 11 за туристички цели и пет за потребите при снимање филмови. Од услугата државната компанија има остварено приход од 200 илјади евра, но надлежните се надеваат дека за време на велигденските и новогодишни празници бројот на клиенти ќе се зголеми.
Романската железница се соочува со криза и бара нови начини за зголемување на приходите. Владата, согласно договорите со ММФ треба да изврши приватизација на железницата до крајот на годината. Вкупниот долг на компанијата стигна до 450 милиони евра, а годишно се зголемува по 50 милиони евра.
###
Слично
