Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Романија либера“:Романскиот буџет во средината на ноември ќе остане без пари

„Романија либера“:Романскиот буџет во средината на ноември ќе остане без пари
Во средината на ноември буџетот на Романија ќе остане без финансиски средства, објави „Романија либера“ повикувајќи се на изјава на премиерот Виктор Понта. Тој призна дека Владата не знае како ќе ги исплати платите и другите обврски за последните 45 денови од тековната година. Според Понта Владата не може ништо да направи за празниот буџет, бидејќи истиот бил проектиран само за десет месеци. - Буџетот беше многу оптимистичен и во него имаше нереални параметри за добивање на средства од европските фондови, истакна Понта.
Слично

Поврзани вести