Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романија ќе прифати 500.000 бегалци од Украина

Романија ќе прифати 500.000 бегалци од Украина

Романија ќе им помогне на Украинците. Земјата е подготвена да прими 500.000 украински бегалци. 

Тие ќе помогнат ако се влоши кризата со Русија. Романскиот министер за одбрана Василе Данчу денеска најави дека се подготвени да примат бегалци.  Вели дека властите планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница, долга околу 650 километри.

„Проценките се во тек. Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, тоа е бројка за која сме подготвени“, рече Данчу.

Евентуално бегалците би можеле да изберат да заминат во Полска. Унгарија испраќа војска на границата со Украина долга 137 километри.  И Словачка е подготвена за можен бран бегалци. 

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на Донецк и Луганск во Украина. 

По потпишувањето на указот од рускиот претседател Владимир Путин, освен Русија, самопрогласените републики Доњецк и Луганск на границата на Украина ги признаа и Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Јемен, Јужна Осетија и Абхазија.

Слично

Поврзани вести