Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОМАНИЈА, ХРВАТСКА, УНГАРИЈА: Каде во регионот се живее најдобро?

РОМАНИЈА, ХРВАТСКА, УНГАРИЈА: Каде во регионот се живее најдобро?

Српски „блиц“ анализирал каде во регионот има најдобар однос помеѓу росечната плата и потрошувачката кошничка во земјите од регионот.

Анализите покажале дека тој критериум на прво место ја става Романија. Веднаш зад неа се реди Хрвстака па Унгарија проследени од, Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора, Бугарија .

Последна на листата пак е Босна и Херцеговина.

Во Романија платата покрива речиси две потрошувачки кошнички, односно 1.8, во Хрватска тој сооднос е 1.60, во Македонија 1.36, додека во БиХ е 0.90.

Најголема плата земаат Словенците,Унгарците па Хрватите.

Но според авторите на анализата, најреална слика би била онаа направена врз основа на Индексот на квалитет на живот, кој предвид ги зема не само стандардните показатели на начинот и квалитет на живот - БДП, плата, трошоци, туку и работи како што се здравството, домување, образование и политичка слобода.

Според тој Индекс, најдобар е животот во Словенија, а по неа следуваат Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Слично

Поврзани вести